Тренерот Фабијани излезе речиси со цел втор состав поради реванш натпреварот против Рига кој на програмата е во вторник. Во текот на второто полувреме во игра влегоа и дел од првотимците.
Брегалница во Скопје дојде со речиси никакви подготовки и не успеа да го изненади фаворитот.
На почетокот од мечот штипјани имаа иницијатива, но не ја искористија. Казната стигна во 27. минута кога Данев реализираше за водство од 1-0.
Брзо потоа гол даде и Закариќ, но погодокот беше поништен со ВАР поради игра со рака.
Долго време актуелен резултат беше 1-0, конечно победата беше заверена во 81. минута кога по асистенција од Родригез, Закариќ постигна гол за 2-0.





