сабота, 25 јули 2026

Арачиновци дебитираа со убедлив пораз во Струга

Шкендија Арачиново го одигра првиот натпревар во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), загуби од Струга со 0-3 на гостински терен.

Објавено на

часот

Сподели

Стружани ја оправдаа улогата на фаворити во овој натпревар и релативно лесно дојдоа до победата.

Резултатот беше отворен во 23. минута кога Маријан Радески погоди за водство од 1-0, а до полувремето гол даде и Хамонд Агама за 2-0.

Шкендија Арачиново имаше свои шанси, но реализацијата затаи. Тоа го казни Струга која во 52. минута ги постави конечните 3-0. Голот го даде капитенот Буњамин Шабани за кого ова беше јубилеен 200. натпревар во дресот на стружани.

Денеска се одигра уште еден меч, Вардар со 2-0 ја победи Брегалница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ