сабота, 25 јули 2026

МВР со полни раце работа, приведени возачи без дозвола, фалсификувани документи на Табановце, тешко повреден мопедист

Полицијата во текот на изминатото деноноќие регистрираше повеќе случаи на сериозни сообраќајни прекршоци и злоупотреба на документи, при што биле приведени повеќе лица во различни делови од државата, информираше МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Завчера наутро, во ОВР Кичево било пријавено дека 61-годишниот В.В., управувајќи мопед на улицата „Гоце Делчев“, изгубил контрола и паднал на коловозот. Тој се здобил со тешки телесни повреди, а полицискиот увид покажал дека мопедот го управувал без возачка дозвола.

Во близина на селото Бистрица пак, општина Чашка, бил приведен 22-годишник од прилепско кој возел без возачка дозвола, па возилото му било одземено.

Во Радовиш бил уапсен 21-годишен мотоциклист кој возел без возачка дозвола, а по документирањето на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило.

Во Битола, полициските службеници привеле 35-годишен возач на „БМВ“ кој и покрај активната забрана сепак возел без возачка дозвола.

Во Кочани, Скопје и на Брњарски пат биле приведени уште тројца возачи кои биле затекнати како возат без возачка дозвола.

На граничниот премин Табановце биле откриени два случаи на користење фалсификувани возачки дозволи. Во едниот случај, при влез во државата, бил приведен 50-годишен државјанин на Грција кој приложил фалсификувана бугарска возачка дозвола. Во вториот случај, Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против 26-годишен државјанин на Романија, кој неколку дена претходно на истиот граничен премин приложил фалсификувана возачка дозвола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ