сабота, 25 јули 2026

Прилепчани пијат исправна и квалитетна вода, тврдат надлежните

Водата во Прилеп е бактериолошки исправна и нема никаков проблем, потврдуваат од прилепскиот Центар за јавно здравје и од ЈП „Водовод и канализација“ од Прилеп.

Објавено на

часот

Сподели

Од почетокот на јули досега, Центарот за јавно здравје кој секојдневно прави анализи на водата за пиење во Прилеп, се земени 55 примероци на вода за пиење од градскиот водовод, берз разлика на потеклото на водата, дали е од регионалниот водовод „Студенчица“ или е од градските извори.

„Моментално состојбата покажува дека сите примероци имаат резидуален хлор во границите на дозволеното, на законските прописи и сите примероци се бактериолошки исправни“, категоричен е д-р Петар Оханесијан, специјалист, раководител на одделот за хигиена при Центарот за јавно здравје во Прилеп.

Од ЈП прилепски „Водовод и канализација“ ја потврдуваат строгата контролана водата за пиење, зашто располагаат и со своја лабораторија.

„Прилепчани пијат квалитетна и исправна вода. Исправноста се контролира од Центарот за јавно здравје со кој ЈП „Водовод и канализација“ има склучено договор за контрола на квалитетот на водата. На дневна основа, од седум мерни точки од Општината се земаат примероци и се испитува квалитетот на водата. Досега резултатите покажуват дека водата во водоводниот систем е исправна и е квалитетна за пиење и за употреба, вели в.д. директорот на ЈП Водовод и канализација“, Ѓоко Јошкоски.

Претпријатието има и своја лабораторија за испитувањето на квалитетот на водата и ништо не остава на случајот. А што се однесува до потрошувачката и дарежливоста на системот „Студенчица“, од ЈП „Водовод и канализација потврдуваат дека има доволно вода иако потрошувачката во жешкиот период е зголемена за 30-тина проценти, а со тоа се јавуваат и дефекти.

„Од ЈП Студенчица добиваме од 250 до 260 литри вода во секунда, а на располагање се и сопствените извори. Во жешкиот период потрошувачката стигнува и до околу 400 литри вода во секунда. Апелираме на рационална потрошувачка, а ние сме подготвени за секаква ситуација“, вели Јошкоски.

МИА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ