сабота, 25 јули 2026

Санчез за пожарите: Наш приоритет е спасувањето животи

Шпанскиот премиер Педро Санчез вечерва изјави дека пожарникарите прават сè за да спасат човечки животи во големите шумски пожари што беснеат западно од Мадрид, додека централните власти соопштија дека во пожар на истокот на земјата загинало едно лице.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пожарите принудија околу 60.000 луѓе да ги напуштат своите домови, соопшти Министерството за внатрешни работи, додавајќи дека станува збор за најголемиот пожар некогаш регистриран во тој регион.

„Наш приоритет, нашата цел и сè што правиме е насочено кон спасување на вашите животи и заштита на населените места“, им рече Санчез на новинарите во селото Сенисиентос, кое се наоѓа во погоденото подрачје, пренесува Франс 24.

„Пред нас се тешки часови. Иако температурите се намалија, сè уште не знаеме колку силен ќе биде ветерот и како ќе се развива ситуацијата“, додаде тој.

Регионалната влада на Мадрид соопшти дека се отворени 15 прифатни центри за евакуираните жители, во кои моментално се сместени 2.468 лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ