сабота, 25 јули 2026

Градскиот воз ќе оперира од 1 септември, уверува Николоски по уништувањето на електроенергетска опрема на Железницата

Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира. Редовен карго сообраќај на Коридор 10 кој носи најмногу приход на Железници ќе има, патнички возови за Велес, Гевгелија, Прилеп и Битола ќе има, напиша вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил, после брзата реакција на надлежните институции по направената штета на ЈП МЖ Инфраструктура.

Објавено на

часот

Сподели

„После тешката штета нанесена од кражбата и уништувањето на енергетската инфраструктура за железница вечерва одржавме координација со директорот на Железница Инфраструктура Синиша Ивановски и Железница Транспорт Дејан Кошутиќ. Сакам да ги информирам граѓаните дека градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира. Редовен карго сообраќај на Коридор 10 кој носи најмногу приход на Железници ќе има, патнички возови за Велес, Гевгелија, Прилеп и Битола ќе има“, пишува во објавата од Николоски.

Во неа нагласува дека е убеден оти со брзата реакција на МВР крадците ќе бидат пронајдени и ќе одговараат.

„Благодарам на министерот Панче Тошковски за брзата реакција. Ние градиме, други уништуваат! Ние ќе победиме! Ја градиме Македонија“, напиша Николоски на својот фејсбук профил.

Во електровлечната подстаница Драчево, лоцирана помеѓу железничките станици Лисиче и Драчево, е извршена кражба од големи размери, при што е предизвикано целосно уништување на значаен дел од електроенергетската опрема на железничката инфраструктура. Од подстаницата се украдени бакарни жици, бакарни шини и прачки, како и практично сите уреди и елементи неопходни за нејзиното функционирање. При кражбата насилно биле превртени два големи електроенергетски трансформатори, секој со тежина од над 30 тони. Од трансформаторите било испуштено и истурено трансформаторското масло, додека бакарните намотки и другите вредни компоненти биле целосно отстранети и украдени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ