„Условите за прекин на борбите беа изложени пред две години и сè може да заврши ако режимот во Киев донесе одредени одлуки“, изјави Песков на прес-конференција во Москва, пренесува Тасс.
Претходно вчера казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев во разговор со рускиот претседател Владимир Путин во Омск рекол дека можеби е време конфликтот во Украина да се замрзне и страните да ѝ се вратат на формулата „Истанбул 2.0“, бидејќи, како што рече, таму бил постигнат значителен напредок.
„За нас постои еден најважен услов – мора да ги оствариме нашите цели“, рече Песков.
Рускиот претседател Владимир Путин во 2024 година изјави дека основните услови за завршување на војната се повлекување на украинската армија од Доњецката, Луганската, Запорошката и Херсонската област, како и откажување на Киев од членството во НАТО.





