„За мене, добар летен оброк е оној што е едноставен, има свеж вкус и може лесно да се приспособи на денот. Не мора да биде комплициран за да биде балансиран и вкусен“, вели Сања Маневска Костадинова.
Од овие пет намирници лесно се добиваат најмалку десет различни здрави оброци, а подолу има и по една идеја за појадок, ручек и вечера за секоја од нив.

Домати
Доматите се добар избор затоа што се сочни, освежителни и лесно внесуваат боја и вкус во оброкот. Најдобри се кога се комбинираат со извор на протеини и малку здрави масти, како јајца, урда или фета, наут, маслиново масло, босилек, интегрален леб и краставица.
Појадок: Тост од интегрален леб со изгмечено авокадо, домати, варено јајце и малку лимон.
Ручек: Салата од домати, наут, краставица, магдонос и фета, со прелив од маслиново масло и лимон.
Вечера: Печени домати со урда и босилек, послужени со зелена салата.
Тиквички
Имаат нежен вкус, брзо се подготвуваат и можат да бидат основа и за топол и за ладен оброк, а најдобро се комбинираат со јајца, јогурт, пилешко, туна, наут, пармезан, копар и лук.
Појадок: Мини омлет со рендани тиквички, јајца, младо сирење и копар.
Ручек: Тиквички на грил со пилешко, киноа и јогурт-сос со лимон.
Вечера: Keto Chicken Alfredo од менито на Fitness House – шпагети од тиквички со 100 грама свеж пилешки стек, фит крем-сирење, магдонос, пармезан и лук. Оброкот има 445 калории, 40 грама протеини, 15 грама јаглехидрати и 25 грама масти.

Пиперки
Пиперките се една од најразновидните летни намирници: крцкави и свежи во салати, а слатки и ароматични кога се печени. Богати се со витамин Ц и лесно се комбинираат со јајца, фета, урда, наут, домати, пилешко, маслиново масло и свежи билки.
Појадок: Омлет со пиперки, спанаќ и фета, послужен со парче интегрален леб.
Ручек: Печени пиперки полнети со киноа, наут, домати и малку фета.
Вечера: Салата од печени пиперки, домати, урда и босилек, со прелив од маслиново масло и лимон.
А како совршена опција за лесен летен ручек од менито на Fitness House е Baby Spinach Salad каде се споени беби спанаќот, котиџ сирењето, интегралните макарони, индиските ореви и шери доматите во оброк што природно се вклопува во летниот ритам.

Наут
Наутот заситува, има растителни протеини и влакна и може да се користи во салати, намази, печени грицки и топли јадења. Најчесто се комбинира со лимон, маслиново масло, домати, тиквички, спанаќ, јајца, зачини и интегрални житарки.
Појадок: Солен тост со кремаст намаз од наут и лимон, домати и варено јајце.
Ручек: Медитеранска чинија со наут, булгур, печени тиквички, домати и јогурт-сос.
Вечера: Крцкав печен наут со зачини врз голема зелена салата и авокадо.
Грчки јогурт
Ултимативно летно освежување дава грчкиот јогурт, практичен, кремаст и лесно се претвора и во сладок појадок и во солен сос или лесен десерт. Лесно и природно се комбинира со сезонско овошје, овес, семки и јаткасти плодови, но и со краставица, лимон, копар, лук и маслиново масло.
Во Fitness House денот може да започне со Protein Choco Bowl – комбинација од грчки јогурт, веј протеин, какао, банана, боровинки, гранола и бадемови снегулки.
А за ручек ладна салата со пилешко, краставица, домати и кремаст прелив од грчки јогурт и лимон, е совршена.
Вечера: Печен сладок компир со зачинет грчки јогурт, наут и свежи билки.
Уште една летна идеја од Сања што вреди и лесна е да се проба е крцкава салата со наут, печени пиперки и фета. Измешајте печена црвена пиперка исечена на ленти, исплакнат наут, фета, краставица и магдонос. Додајте лимон, малку маслиново масло и прстофат чили. Комбинацијата е свежа, ароматична и доволно заситувачка за летен ручек или лесна вечера.
Сања Маневска Костадинова од Fitness House има и мал трик: „Кога подготвуваме летен оброк, се обидуваме во една чинија да имаме нешто свежо, нешто што заситува и еден силен вкус како лимон, свежи билки, фета или добар зачин. Така и наједноставните состојки не стануваат здодевни.“
Летото не бара совршен план, туку добри основи, а петте намирници се доволно флексибилни за да се комбинираат меѓусебно и да се приспособат на различен распоред, вкус и апетит. Доматите и тиквичките се основа за свежи и топли солени оброци, пиперките додаваат боја и богат вкус, наутот обезбедува поголема ситост, а грчкиот јогурт може да послужи како основа за појадок, сос или лесен десерт.
Токму во тоа е и нејзината летна филозофија, здравата исхрана да не изгледа како обврска, туку како избор што е едноставен, вкусен и реално изводлив. А кога денот е пребрз за домашна подготовка, Wolt останува практичен начин да се откријат локални healthy концепти и да се избере оброк што се вклопува во сопствениот ритам.
Koмерцијален текст





