недела, 26 јули 2026

Сончево и ветровито со мала до умерена локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени Целзиусови.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност во текот на денот. Во понеделник се очекува повремен локален дожд и наместа услови за појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ