Тој наведе дека во нападите биле уништени 17 извидувачки и оперативни дронови, борбен авион Ф-15 во засолниште, авион П-8, транспортен авион Ц-17 и осум авиони-цистерни за дополнување гориво во воздух, пренесе агенцијата Ирна.
Во меѓувреме, секретарот на Врховниот совет за национална безбедност, Мохамед Багер, порача дека иранската војска ќе продолжи со нападите сѐ „додека непријателот целосно не се предаде“ и додека не бидат одмаздени убиените деца.
Тој истакна дека секој столб од чад што се гледа во регионот укажува дека е погоден американски воен, безбедносен или финансиски центар.
„Континуираните и прецизни напади на нашите борци се удари на гневот на иранскиот народ, кој се крева против системот на доминација“, изјави Багер.





