Полицијата соопшти дека некои од повредените се во животна опасност. На местото на инцидентот беа испратени пожарникари и екипи на итната медицинска помош.

Во објава на социјалната мрежа Икс, полицијата ги повика сите учесници веднаш да го напуштат местото на настанот. Соопштено е дека едно возило влетало во паркот Тиргартен, во близина на трасата на парадата, и удрило неколку лица. Не беше наведено колку полицајци се распоредени на местото на настанот, но според извештаите од терен, нивниот број е голем и трагаат по осомничениот.
BREAKING: Car driven into Pride parade in Berlin, Germany, causing multiple injuries – Bild pic.twitter.com/Hszax892ni
— BNO News Live (@BNODesk) July 25, 2026
Берлинската полиција соопшти дека го идентификувала осомничениот, Абдула Б., симпатизер на Исламска држава, кој сè уште не е уапсен и е поврзан со исламистички екстремистички кругови во германската престолнина.

„Осомничениот ѝ е познат на полицијата. Ни е познат како припадник на исламистички кругови овде во Берлин и потрагата по него се одвива со полн интензитет“, изјави портпаролот на полицијата, Флоријан Нат. Тој не го откри идентитетот на осомничениот.
Стотици илјади луѓе денеска присуствуваа на традиционалната Парада на гордоста во Берлин, позната во Германија како Ден на улицата Кристофер, една од најголемите ЛГБТК+ манифестации во Европа.
Парадата се одржуваше пред Бранденбуршката порта во центарот на градот и беше прекината во 22:15 часот, кога беше запрен настапот на музичката група што беше во тек. На граѓаните им беше препорачано да се разотидат и да ја избегнуваат трасата низ паркот Тиргартен.
Пред инцидентот, прославата се одвивала мирно, а учесниците со часови минувале низ градот, пееле и танцувале со гласна музика.






