недела, 26 јули 2026

Зеленски: Русија планира да ангажира уште 30.000 севернокорејски војници

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија планира да ангажира уште 30.000 војници од Северна Кореја.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Од јуни се во тек подготовки во руската Воронешка област за нивен прием. Северна Кореја исто така се подготвува да испрати во Русија дополнителни лансери за балистички ракети“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Икс.

Тој нагласи дека тоа не претставува закана само за Украина, туку дека Русија на тој начин ѝ помага на Северна Кореја да „научи како се води војна, да го усоврши своето оружје и да стекне вистинско борбено искуство во неговата употреба“.

„Сето тоа претставува закана за сите земји во Азија што се во дострел на севернокорејските ракети“, изјави Зеленски.

Пјонгјанг и претходно испраќаше војници во Русија, како и ракети и муниција, за поддршка на руската воена кампања против Украина. Тие беа распоредени во руската Курска област за да помогнат во потиснувањето на украинските сили, кои ја држеа под контрола таа територија речиси една година – од август 2024 до крајот на пролетта 2025 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ