недела, 26 јули 2026

Возач облечен како Спајдермен му помогна на човек во инвалидска количка да ја премине улицата (ВИДЕО)

Возач облечен како Спајдермен е снимен како му помага на маж во инвалидска количка да премине прометна улица во американската сојузна држава Арканзас.

Илустрација: ВИ

Објавено на

часот

Сподели

Кристофер Хелентал се враќал од настан посветен на суперхерои кога забележал човек на кој му била потребна помош. Тој притрчал и му помогнал да ја премине раскрсницата само неколку моменти пред да се смени светлото на семафорот.

Полициската управа на Џонсборо објави снимка од сообраќајна камера на која е забележан овој момент и јавно му се заблагодари на Хелентал за неговиот гест.

„Не носат сите херои наметка, но понекогаш се облечени токму за таа пригода“, наведува Би-би-си.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ