недела, 26 јули 2026

Левица: Секој десетти денар од ребалансот на буџетот што ќе се гласа утре е позајмен

Утре, на собраниската седница, власта ќе побара од пратениците да го изгласаат ребалансот на Буџетот за 2026 година – документ со кој расходите се искачуваат на 425,2 милијарди денари, додека буџетскиот дефицит расте од 39,2 на 46,1 милијарда денари, односно на 4,1отсто од БДП. За покривање на дефицитот и отплата на обврските се предвидуваат 76,4 милијарди денари “ново финансирање”, пишува во соопштението на Левица.

Објавено на

часот

Сподели

Според Левица, тоа значи дека речиси секој десетти денар што власта ќе го потроши е позајмен.

„Од вкупното финансирање, над 54 милијарди денари, или околу 71 отсто, се врзани за странски кредитори. Само каматниот товар изнесува повеќе од еден милион евра дневно – уште пред да се отвори првиот шалтер, да започне првиот час во училиште или да биде прегледан првиот пациент, државата веќе натрупала нова милионска сметка. Власта истовремено ги зголемува капиталните расходи за околу 5,8 милијарди денари, иако до крајот на мај реализацијата на веќе планираните капитални инвестиции изнесувала само 38,5 отсто. Значи, не се решава неспособноста да се реализираат постојните проекти, туку на хартија се додаваат нови милијарди за нови прес-конференции, ленти и предизборни ветувања“, велат од Левица.

Оттаму додаваат дека во истиот ребаланс се наоѓаат две милијарди денари за прикривање на неспособноста на вмровските градоначалници и уште 200 милиони денари за изборна опрема“.

„Левица поднесе амандмани за противпожарна заштита, планинска безбедност и спасување, реконструкција на спортски објекти, поддршка на младите и врвните спортисти, државно домување, земјоделски откупни центри, шелтер-центри и сервиси за жртви на насилство, канализациски и пречистителни системи, санација на депонии и јаловишта, заштита на културното наследство, домашна образовна и културна продукција, научноистражувачки капацитети и низа други конкретни јавни потреби. Сите амандмани на Левица беа одбиени, освен еден кој беше делумно прифатен“, велат од Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ