За разлика од претходните два натпревари кога Македонија имаше добар старт, овојпат уште во првите десет минути го загубивме мечот.
Во првата четвртина македонските кошаркари дадоа само шест поени, а примија дури 21, па Унгарците брзо направија разлика која беше недостижна на крајот.
Како одминуваше времето противникот ја зголемуваше предноста за на крајот да слави со конечни 86-63.
Најдобар во нашиот состав беше Цветковски со 22 поени, тој беше единствениот кошаркар со двоцифрен учинот. Сребров постигна осум поени, Малиниќ седум.
Утре на шампионатот во Опатија и Ријека е предвиден слободен ден, а Македонија ќе биде слободна и во четвртото коло. Последниот натпревар од групната фаза нашите јуниори ќе го одиграат на 29 јули, со почеток од 10:30 часот, кога во Ријека ќе се соочат со селекцијата на Шведска.





