недела, 26 јули 2026

Гори парк шумата во скопска Гази Баба, надлежните уверуваат дека пожарот е под контрола

Во парк-шумата во скопската населба Гази Баба утрово избувнал пожар, потврдија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Објавено на

часот

Сподели

Според првичните информации, пожарникарските екипи се на терен и работат на негово целосно гаснење.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов информираше дека пожарот е ставен под контрола и дека се преземаат сите неопходни мерки за да се спречи негово понатамошно ширење.

Засега нема информации за повредени лица или за причинета материјална штета, а причините за избувнувањето на пожарот ќе бидат дополнително утврдени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ