недела, 26 јули 2026

Уапсен 24-годишник откако со автомобил ја влечел својата мајка 20 метри

Полициски службеници од СВР Скопје вчера вечер, во село во општина Петровец го лишиле од слобода Р.Д., кој е осомничен за насилство во кој била повредена неговата мајка, информираше МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од полицијата, инцидентот се случил вчера околу 18:50 часот, кога осомничениот, управувајќи автомобил „фиат“ со скопски регистарски ознаки, преку отворениот прозорец од возилото ја фатил својата 42-годишна мајка и ја влечел околу 20 метри, по што избегал.

Жената се здобила со телесни повреди и била пренесена во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“, каде ѝ била укажана лекарска помош.

По целосното документирање на случајот, против 24-годишникот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ