недела, 26 јули 2026

Двајца странци приведени на Табановце, им пронашле дрога и фалсификувани евра

Полициски службеници на Граничниот премин Табановце, вчера попладне на влез во Македонија, ги лишиле од слобода 24 годишниот Х.Т. од Германија и 27 годишниот А.А. од Србија, информираа од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираше полицијата, при пасошка контрола, гранични проверки и преглед на возило „хјундаи“ со германски национални ознаки, во кое двајцата биле сопатници, кај нивниот личен багаж биле пронајдени и одземени марихуана и банкноти за кои постои сомнение дека се фалсификувани.

Кај Х.Т. биле пронајдени марихуана и 34 банкноти од по 50 евра, за кои постои сомнение дека се фалсификувани. Кај А.А. биле пронајдени и одземени марихуана и шест банкноти од по 50 евра со сомнителна автентичност.

Двајцата биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово, а по целосното документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ