недела, 26 јули 2026

ЦУК апелира граѓаните да пријавуваат каква било опасност и внимателно да се движат низ шумите и планините

Состојбата со пожарот во паркот-шума во скопска Гази Баба постепено се стабилизира, а надлежните служби ќе останат на терен до целосно гаснење на пожарот, информираа директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али. Од ЦУК апелираат до граѓаните, доколку забележат пожар, чад или каква било опасност, веднаш да пријават на единствениот број за итни случаи 112. Воедно, ги повикуваат граѓаните да бидат особено внимателни при движење во шумски и планински подрачја, да избегнуваат какви било активности што можат да предизвикаат пожар и да ги почитуваат препораките на надлежните институции.

Објавено на

часот

Сподели

Пожарот што избувна во парк-шумата Гази Баба е ставен под контрола, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али.

Според него, веднаш по пријавата за пожарот, ЦУК ги контактирал и ги координирал надлежните институции, додека Противпожарната бригада на Град Скопје интервенирала на терен.

„Пожарот во парк-шумата Гази Баба е ставен под контрола. Центарот за управување со кризи веднаш ги контактираше и ги координираше надлежните институции, а Противпожарната бригада на Град Скопје интервенираше брзо и професионално на терен“, наведува Али.

Тој информира дека бил присутен на местото на настанот заради координација на активностите и следење на состојбата.

Како што посочува, состојбата постепено се стабилизира, а надлежните служби ќе останат на терен до целосно гаснење на пожарот.

Од ЦУК апелираат до граѓаните, доколку забележат пожар, чад или каква било опасност, веднаш да пријават на единствениот број за итни случаи 112.

„Воедно, ги повикуваме граѓаните да бидат особено внимателни при движење во шумски и планински подрачја, да избегнуваат какви било активности што можат да предизвикаат пожар и да ги почитуваат препораките на надлежните институции“, велат од ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ