недела, 26 јули 2026

Гостивар утре треба да добие технички исправна вода за користење

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува утре да биде објавено соопштение оти водата во Гостивар е технички исправна за користење, посочувајќи дека во тек е процесот на хиперхлорирање на водоводната мрежа од страна на екипи на ЈП „Водовод и канализација“ од Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Одговарајќи на новинарско прашање по увидот во градежните активности за изградба на клучката Момин Поток, Мицкоски рече дека резултатите од досегашните анализи се добри и дека состојбата е санирана во краток рок.

„Екипи од Скопје од Водовод се во Гостивар, работат на хиперхлорирање на инсталациите, резултатите се веќе добри, очекувам утре да излезе соопштение дека водата е технички исправна за користење, во рекорден рок од една недела тоа се санираше“, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека Владата ги презела сите мерки што се во нејзина надлежност, а за утврдувањето на одговорноста, како што рече, постапува Јавното обвинителство.

„Она кое што е политика на Владата е да испорачува и ние така и ќе продолжиме, целосна одговорност и целосна ингеренција за тоа што се случи во Гостивар е лоцирана од страна на ЈО, понатаму тие ќе продолжат да лоцираат доколку е потребна и нова одговорност да биде лоцирана од страна на државата иако тоа не се наши ингеренции“, изјави премиерот.

Во однос на критиките од опозицијата за неисправноста на водата во неколку градови, Мицкоски оцени дека Владата останува фокусирана на решавање на проблемите и обезбедување услуги за граѓаните.

„Го следам процесот и политиките на опозицијата. Честопати се трудам да не ги коментирам, бидејќи нема суштина за коментирање. Мафтаат со извештаи од периодот кога претседателот на СДСМ бил министер за здравство, но тоа е нивна политика. Нивната политика е да конструираат лаги и да шират хистерија. Она кое што е политика на владата е да испорачува и ние така и ќе продолжиме“, рече Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ