недела, 26 јули 2026

Судијка сакаше да спречи тепачка на пријателски натпревар, а доби потрес на мозокот (ВИДЕО)

Пријателскиот натпревар меѓу Мец и Фортуна Ситард беше прекинат по сериозен инцидент во кој настрада главната судијка Матилд Демонсе.

Објавено на

часот

Сподели

Во финишот на првото полувреме избувна масовна турканица меѓу фудбалерите на двата тима, а Демонсе се обиде да ја смири ситуацијата. Во метежот беше оттурната и падна на тревникот, по што неколку минути остана да лежи додека медицинскиот тим ѝ укажуваше помош.

Француските медиуми објавија дека судијката се здобила со потрес на мозокот и не можела да го продолжи натпреварот. Инцидентот се случи на стадионот „Шлосберг“ во Форбах, каде двата клуба ги одработуваа подготовките за новата сезона.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ