недела, 26 јули 2026

Почина 16-годишно момче од Кондово, му се слошило додека бил на гости кај роднини

Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера поладне било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил донесен 16-годишник од село Кондово, кој кратко време потоа починал.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, момчето заедно со неговата мајка било на гости кај роднини во село Сингелиќ, каде што во еден момент му се слошило и паднало во бессознание.

Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ