Според пријавеното, 81-годишниот С.Л. од Градско, управувајќи трактор со приколка, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.
Од здобиените повреди, С.Л. починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.





