недела, 26 јули 2026

Уапсени осум лица, полицијата кај нив пронашла дрога

Осум лица кај кои полицијата пронашла дрога се лишени од слобода на територијата на целата држава во текот на изминатото деноноќие.

Објавено на

часот

Сподели

„На 25 и  26 јули 2026 во Скопје на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ј.Ч., А.Б., Ф.Р., Н.К., М.О., сите од Скопје, В.М. од с.Морани, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, прашкаста материја и марихуана. На 26.07.2026 во 01:45 часот во село Камењане, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишија од слобода Б.И. и О.М., двајцата од Тетово, затоа што кај нив била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана. Тие биле задржани во полициска станица“, информира Министерството за внатрешни работи.

По целосно документирање на случаите, МВР најавува дека против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ