Оперативниот штаб на Белгородската област на Телеграм објави дека во Белгород биле повредени 12 лица. Во нападот се запалени станбена зграда и 15 паркирани автомобили. „Освен тоа, една куќа е делумно уништена, а оштетени се неколку станбени згради“, соопшти штабот.
Belgorod now 🔥👀 pic.twitter.com/0i3uQCUOe9
— MAKS 26 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) July 26, 2026
Белгородската област се наоѓа долж границата со Украина, а градот Белгород е оддалечен само околу 27 километри од североисточниот дел на Украина.
Belgorod 🎉🎉🎉🎉 pic.twitter.com/i2Qda0tFGt
— MAKS 26 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) July 26, 2026
Подоцна во текот на ноќта експлозии одекнале и во јужниот руски град Ростов на Дон, објави каналот на Телеграм „Ексиленова плус“.
Градоначалникот на Ростов на Дон, Александар Скријабин, го потврди украинскиот напад и рече дека е оштетена една станбена зграда. Гувернерот на Ростовската област, Јуриј Сљусар, изјави дека во градот загинале две лица, а уште пет биле повредени. Тој додаде дека во нападите се запалиле складишта и неколку куќи.
🔥 An attack was carried out on the FSB building in Belgorod. pic.twitter.com/pBV9T9bDnG
— MAKS 26 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) July 26, 2026
„Во Ростов на Дон загинаа две лица, брачен пар. Пет лица се повредени, од кои две се во тешка состојба, меѓу нив и еден тинејџер. На неколку куќи се искршени прозорци, како и на повисоките катови од една станбена зграда и на објект за социјална намена“, наведе Сљусар.
Експлозии биле пријавени и во крајбрежниот град Таганрог, на брегот на Азовското Море, според наводите на каналот на Телеграм „Супернова плус“.





