„Се остава простор за преговори“, изјави Волц за Фокс њуз, коментирајќи ја одлуката на Трамп, без да открие дополнителни детали за можните разговори.
За време на викендот беше забележано затишје во судирите меѓу Иран и САД. Пентагон го прекина бомбардирањето по 13 ноќи сè поинтензивни напади, а во последните два дена нема информации ниту за ирански напади врз соседни земји.
Неименуван висок функционер на администрацијата на Трамп вчера за Ројтерс изјави дека американскиот претседател секогаш јасно става до знаење дека „ѝ дава предност на дипломатијата“, но истовремено му покажува на Иран „што ќе се случи ако не пристапи сериозно кон преговарачката маса“.
Извор од Иран денеска изјави дека и Техеран ќе ги прекине нападите сè додека тоа го прават Соединетите Држави.
„Пристапот на Иран останува ‘напад за напад’: ако нападите престанат, Иран исто така ќе ги запре своите операции. Таа порака веќе им е пренесена на Соединетите Држави“, изјавил изворот за Ројтерс.
Сепак, истиот извор нагласил дека во Иран има „повеќе скептицизам отколку оптимизам“ во врска со прекинот на нападите и дека преовладува ставот оти станува збор за тактичка пауза, а не за трајно смирување на конфликтот.





