недела, 26 јули 2026

Општина Босилово апелира да не се користи водата за пиење од хидросистемот Иловица

Заради појава на заматување на водата од хидросистемот „Иловица“, ги информираме корисниците на водоснабдителниот систем „Иловица“ дека водата не треба да се користи за пиење до понатамошно известување, соопштија од Општина Босилово.

Објавено на

часот

Сподели

„ЈКПД Огражден – Босилово од утре ќе врши испуштање на водата и перење на водоснабдителниот систем. Исто така, денес се земени примероци од водата за анализа од страна на акредитирана лабараторија. За резултатите од анализите ќе бидете дополнително известени“, се наведува во соопштението на локалната самоуправа.

Се додава дека соопштението се објавува со цел за превентивна заштита на здравјето на граѓаните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ