понеделник, 27 јули 2026
Време

Oблачно и топло, наместа пороен дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер (над 60 километри на час), електрични празнења и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 35 Целзиусови степени.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје, претежно облачно со врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер, грмежи и услови за појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Според УХМР, во наредните денови под влијание на поле со висок воздушен притисок, следува период на стабилно и топло време.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ