недела, 26 јули 2026

МВР: Утре штрајк на грчките цариници, товарниот сообраќај ќе биде во целосен прекин

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека за утре е најавен штрајк на царинските службеници на грчките гранични премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија).

Објавено на

часот

Сподели

Согласно информациите добиени од надлежните органи на Република Грција, МВР информира дека во периодот од 5 до 9 часот по македонско време (6 – 10 часот по грчко време), на наведените гранични премини патничките возила ќе се пропуштаат на секои 10 минути, додека, товарниот сообраќај ќе биде целосно во прекин за влез и излез од Република Грција.

Од МВР велат дека ќе ги преземат сите мерки и во функција ќе бидат ставени сите човечки и технички капацитети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ