понеделник, 27 јули 2026

Путин: Украина порано или подоцна ќе ги загуби своите западни територии

Рускиот претседател Владимир Путин изјави во неделата дека Украина порано или подоцна ќе ги загуби своите западни територии, пренесе руската агенција ТАСС.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Убеден сум дека Украина порано или подоцна ќе ги загуби западните територии, земјите што некогаш ѝ припаѓаа на Полска, Унгарија и Романија“, рече Путин на состанок со припадници на руската морнарица.

Рускиот претседател додаде дека тоа можеби нема да се случи „утре или задутре, можеби ќе биде потребна една, две, 10 или 15 години, но историјата на крајот ќе врати сè на своето место“.

Русија била единствениот гарант на територијалниот интегритет на Украина, но Киев ја прогласил Москва за свој непријател, изјави рускиот претседател Владимир Путин на состанокот.

„Постоеше само еден гарант на територијалниот интегритет на Украина. Тоа беше Русија. Но тие одлучија дека е неопходно, можно и корисно за нив да ја прогласат Русија за свој непријател“, рече Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ