Во првиот случај, денеска утрото, час и половина по полноќ, на улицата „Славка Динкова“ во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода Г.А.
При сообраќајна контрола било запрено патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, а по извршените проверки било утврдено дека возачот управувал со 2,08 промили алкохол во крвта. По целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во вториот случај, вчера вечер во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода Д.П. При контрола на патниот сообраќај било запрено патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, а со алкотест било утврдено дека возачот имал 0,54 промили алкохол во крвта.
Со дополнителните проверки било констатирано дека Д.П. управувал со возилото иако му била изречена забрана за управување со моторно возило. За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки возилото било одземено. По целосното документирање против него ќе биде поднесена кривична пријава за кривичното дело безобѕирно управување со моторно возило.





