Шкендија има амбиција да ја врати шампионската титула, а на стартот покажа моќ иако играше со кобиниран состав поради европските обврски.
Резултатот го отвори Нзенге со гол во 17. минута. Тоа беше и единствениот погодок во првото полувреме.
Во вториот дел Тамба со помош на голманот Наумовски зголеми на 2-0, а конечните 3-0 ги постави Рафа Силва.
Победата можеше да биде и поголема, но голманот Кристијан Наумовски во судиското продолжение му одбрани пенал на Бесарт Ибраими.
Двојно поубедлив беше Силекс кој со 6-0 го победи неподготвениот Башкими кој во овој меч влезе без речиси никакви подготовки.
Резултатот го отвори Дарко Илиески уште во третата минута, а веќе во осмата беше 2-0 благодарение на автогол на Јамузи.
Во 30. минута Делимеѓац стрелаше прецизино за убедливи 3-0. Тоа беше резултатот од првиот дел.
Второто полувреме донесе уште три гола за Силекс. Најпрво Шеро во 62. минута зголеми на 4-0, а 12 минути подоцна Хасуиќ погоди за 5-0.
Конечните 6-0 ги постави Манојлов на 15 минути пред крајот.





