Се очекува двајцата лидери да се сретнат во поморска база, каде што ќе се запознаат со тоа како програмите за обука предводени од Обединетото Кралство придонесуваат за зајакнување на украинските вооружени сили и постигнување резултати на бојното поле, пренесува Ројтерс.
„Британија стои покрај Украина, рамо до рамо, и нашата поддршка останува непоколеблива. Русија не треба да има никакви сомнежи во нашата решителност и нема да се откажеме додека не постигнеме траен и праведен мир за Украина“, рече Барнам во соопштението.
За време на посетата, Барнам и Зеленски ќе се сретнат со повеќе од 200 украински војници и морнари кои во последните три недели учествувале во вежбата „Си бриз“ во Британија. Станува збор за поморска безбедносна вежба и вежба за отстранување мини, осмислена да ги подготви учесниците за идни мисии во Црното Море.
Претходникот на Барнам, Кир Стармер, го посети Киев неколку дена пред да поднесе оставка претходно овој месец, кога вети 300 милиони евра за помош при опремувањето на Украина со ескадрила од 16 шведски борбени авиони „грипен“.





