Во пресрет на одбележувањето на големиот државен празник – 2 Август, Илинден, во организација на Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978“ во Општина Аеродром во Скопје се одржа свеченото испраќање на учесниците на 48. традиционален Илинденски коњички марш.

„На 31 јули, коњаниците од Горно Лисиче ќе се обединат со учесниците од Свети Николе, Кичево и Битола, испраќајќи силна порака за единство, почитување на традицијата и зачувување на македонското историско наследство“, информираа од Општина Аеродром.





