Македонија добро го почна дуелот, поведовме со 1-0 благодарение на победа на Калин Ивановски над Иља Снитари, беше 4-6, 6-3 и 6-1 за нашиот тенисер.
Во вториот меч Олег Приходко го доби првиот сет во тај брејкот со 10-8 на поени што значеше и водство за македонскиот тим. И во вториот сет продолжи предноста со еден брејк, но по петтиот гем Приходко побара медицинска помош и проблемот со грчевите траеше до крајот на мечот. Вториот сет заврши со 7:5 за Раду Албот, а по 2:0 во третиот сет за ривалот Приходко го предаде мечот.
По паузата следуваше и решавачкиот меч во двојки. Ивановски и Приходко имаа водство од 1:0 и 2:1 во гемови, но потоа Раду и Снитари направија два брејка за водство од 5:2 во гемови, по што македонскиот тим го предаде мечот. Грчевите и проблемот со настинката направија проблеми за Приходко и тој немаше сили за продолжение на мечот.
Македонија утре игра против Косово, а во петок се среќава со Грузија.
Во дуелот од нашата група Грузија го совлада Косово со 3:0, а во групата А Летонија славеше против Азербејџан со 3:0, додека Црна Гора ја совлада Република Ирска со 2:1.






