сабота, 13 јуни 2026

Македонија денеска ќе ги дознае противниците за СП

Денеска со почеток од 18 часот во Минхен ќе се одржи ждрепката за Светското ракометно првенство во Германија на кое учествува и нашата репрезентација.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија од вториот шешир ќе биде влечена во денешната ждрепка, а тоа значи дека нема да играме против Франција, Словенија, Норвешка, Србија, Шпанија, Италија и Фарски Острови. Овие земји се исто така во вториот барабан.

Шешир 1: Данска, Германија, Хрватска, Исланд, Португалија, Шведска, Египет, Аргентина

Шешир 2: Франција, Словенија, Норвешка, Србија, Шпанија, Италија, Фарски Острови, Македонија

Шешир 3: Грција, Полска, Бразил, Бахреин, Тунис, Зелено’ртски Острови, Чиле, Соединетите Американски Држави

Шешир 4: Катар, Кувајт, Јапонија, Алжир, Ангола, Уругвај, Турција, Саудиска Арабија

Светското првенство се игра од 13 до 31 јануари 2027 година. Градови домаќини ќе бидат: Минхен, Штутгарт, Кил и Магдебург.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ