„Денес, заедно со моите колеги, градоначалниците на општините на територијата на град Скопје и претставници од општините, одржав редовна координативна средба, на која ги дефиниравме следните чекори за подобрување на квалитетот на животот на нашите сограѓани. Разговаравме отворено, конкретно и одговорно. Ги утврдивме приоритетите, ги усогласивме активностите и ги договоривме проектите што ќе значат подобро утре за секој скопјанец“, објави Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.
Тој истакна дека Скопје може да оди напред само кога Градот и општините работат заедно, со јасна цел и со силна посветеност.






