Според информациите од полицијата, на 4 јуни 2026 година пријавениот дошол во домот на родителите на неговата сопруга во Штип, каде по одбивање да разговара со него, упатил закани кон сопругата и нејзините родители.
Со тоа, како што се наведува, тој ја прекршил судската одлука на Основниот суд Штип, со која претходно му биле изречени мерки за заштита – забрана да се заканува или да врши семејно насилство, забрана за вознемирување и контакт со жртвата, како и забрана да се приближува на помалку од 100 метри до нејзиното живеалиште.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат понатамошни мерки за целосно расчистување на случајот.






