петок, 12 јуни 2026

Повеќе од илјада Мерилин Монро го соборија Гинисовиот рекорд (ВИДЕО)

Градот Палм Спрингс во Калифорнија, го одбележа 100-тиот роденден на Мерилин Монро со голем собир од 1.037 лица облечени како познатата холивудска икона, поставувајќи нов Гинисов рекорд.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Учесниците го носеа препознатливиот бел фустани и платинести перики, инспирирани од познатата сцена од филмот „Седум години верност“ од 1955 година.

Настанот се одржа на 30 мај во центарот на Палм Спрингс, во близина на скулптурата „Засекогаш Мерилин“, претходниот рекорд од 2020 година во Австралија бил со 254 учесници.

Настанот „Мерилин 100“ беше организиран и како собирање средства за Парадата на гордоста во Палм Спрингс, со цел фестивалот на гордоста во градот да биде бесплатен за посетителите.

Претседателот на Парадата на гордоста во Палм Спрингс, Рон де Харт, изјави дека ова е „незаборавен и историски ден“, нагласувајќи дека Мерилин Монро не е само симбол на холивудскиот гламур, туку и личност која претставувала автентичност, храброст и поддршка за маргинализираните заедници, објави Упи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ