Општо познато е дека Американците не го познаваат доволно овој спорт, па интересно е дека повторно земја без фудбалска традиција е домаќин на едно Светско првенство.
Веројатно врвот беше достигнат за време на американскиот пренос на натпреварот меѓу Мексико и Јужна Африка. Откако африканската селекција доби втор црвен картон, бродкастерот мораше да им објасни на гледачите што тоа значи – и тоа на наједноставен можен начин.
„Останаа со девет фудбалери бидејќи двајца беа исклучени од натпреварот. Двајцата добија црвени картони, а тоа значи дека повеќе не можат повеќе да играат на овој дуел. Како резултат на тоа, Јужна Африка мора да го продолжи натпреварот со деветмина. Ова е сериозен хендикеп и ги намалува шансите за победа“, стоеше во објаснувањето на бродкастерот.







