Доктор Антоан Паракеов, раководител на Итна медицинска помош Кавадарци, појасни дека директно се судриле две возила. Во едното загинале две лица од машки и женски пол, а едно тешко повредено лице на 39 години од Прилеп од другото возило, било транспортирано во тешка здравствена состојба до Општа болница Кавадарци со тешки повреди.
Повеќе информации засега не можеа да дадат.
Сведоци што се нашле во близина велат дека Итната медицинска помош и Противпожарната дошле најбрзо што можеле на лице место. Пожарникари го ваделе преживеаниот, а тешко повредениот од еден од автомобилите и со Брза помош било пренесено на лекување.
МИА






