четврток, 11 јуни 2026

Од денеска стапува на сила „Законот на Винисиус“, ќе се делат црвени картони на СП

ФИФА пред два месеци предложи, а ИФАБ (Меѓународен одбор на фудбалски федерации) едногласно одобри две нови правила на фудбалската игра.

Објавено на

часот

Сподели

ИФАБ е најстарото тело одговорно за утврдување и измена на правилата на фудбалската игра. Оваа организација потврди две правила кои стапуваат на сила од Светското првенсво кое почнува денеска со мечот меѓу Мексико и Јужна Африка од 21 часот.

Причина за промена на едно од правилата е инцидентот меѓу Винисиус и Престијани.

ФИФА во Ванкувер го донесе правилото кое го нарече „Законот на Винисиус. А тоа гласи: Секој кој ќе ја покрие устата додека зборува со противнички играч ќе добие црвен картон.

На мечот меѓу Реал Мадрид и Бенфика, Престијани со прекриена уста му зборуваше нешто на Винисиус. Бразилецот тврдеше дека се работи за расизам, а Арегнтинецот демантираше. Никој не може да каже што е вистина поради прекриената уста. Отсега тоа не може да се случува.

Второто правило е направено поради случувањата на мечот меѓу Сенегал и Мароко од финалето на Африканскиот куп.

Правилото гласи дека секој играч кој ќе го напушти теренот во знак на некаков протест, автоматски добива црвен картон од судијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ