четврток, 11 јуни 2026

142 семејства добија помош за новороденче во Центар

Општина Центар од почетокот на годинава исплатила 1.345.573 денари за поддршка на новороденчиња, а досега се реализирани 142 исплати на семејства од територијата на општината.

Објавено на

часот

Сподели

Од локалната самоуправа информираат дека постапката за исплата се одвива редовно и согласно пристигнатите барања од граѓаните.

Годинава е зголемена и еднократната финансиска помош за новороденчиња. Наместо досегашните 7.000 денари, семејствата за деца родени во 2026 година добиваат по 10.000 денари, што претставува зголемување од 50 проценти.

„Го зголемивме надоместокот од 7.000 на 10.000 денари со цел да им помогнеме на семејствата во најчувствителниот период, кога добиваат нов член и се соочуваат со зголемени трошоци. Секое дете е наша радост, иднина и најголемо богатство“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

За остварување на правото на парична помош потребно е да се поднесе барање, заедно со извод од матична книга на родените за новороденчето, копии од важечки лични карти на родителите со адреса на живеење или престој во Општина Центар, како и копија од трансакциска сметка на барателот.

Од Општина Центар посочуваат дека образецот за барање за 2026 година е достапен на општинската веб-страница и додаваат дека мерката континуирано се реализира со цел поддршка на семејствата и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ