четврток, 11 јуни 2026

Николоски: Крупни инвестиции во автопатиштата и железницата за одржлив економски раст

Одржлив раст на економијата преку крупни инвестиции во инфраструктурата на стратешките коридори 8 и 10, како и подобрување на ефикасноста во траспортот, беа тема на панел дискусијата на која говореше заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, а во организација на Европската бизнис асоцијација.

Објавено на

часот

Сподели

Вицепремиерот во своето обраќање посебен фокус стави на инвестициите во патната и железничката мрежа на коридорот 8 и коридорот 10 и кракот 10-д, потенцирајќи дека на среден и долг рок овие инвестиции ќе придонесат за одржлив економски развој и регионална поврзаност, соопшти Министерството за транспорт.

Изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10 -д, се реализираат со засилена динамика, истите ќе мултициплираат развој на регионот, ќе привлечат нови инвестиции и ќе понудат нови работни места, потенцираше вицепремиерот, додавајќи дека постојат конкретни рокови за нивна реализација.

„Во однос на конкуретноста на домашната економија, дополнително ќе влијае и изградбата на брзата пруга на коридор 10 која ќе придонесе за брз и предвидлив транспорт, реални планови за развој на компаниите и позиционирање на Македонија на главата транспортна рута за Централна Европа“, посочи Николоски.

Вицепремиерот говореше и за регионалата соработка која се потпира на заеднички проекти со соседните земји кои ќе го олеснат транспортот, ќе придонесат за регионална интеграција и регионален економски развој.

„За да се реализираат овие долгорочни мерки и политики, работиме на крупни инфраструктурни проекти преку кои ќе ја постигнеме посакуваната цел, а тоа е конкуретна економија, одржливи услови за развој на компаниите, ефикасен и брз транспорт, зелени ленти на граничните премини и регионална соработка“, додаде вицепремиерот Николоски пред компаниите членки на Европската бизнис асоцијација во Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ