четврток, 11 јуни 2026

Поранешниот градоначалник на Карпош, Јакимовски треба да оди во затвор на 2 јули

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, на 2 јули ќе треба да влезе во Истражниот затвор во Шуто Оризари. Од Основниот кривичен суд Скопје информираа дека судија за извршување на санкции на осудениот Јакимовски му издаде упатен акт за издржување на казната и истиот треба да се јави во затвор на почетокот на наредниот месец.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Судија за извршување на санкции од кривичниот суд Скопје, на осудениот С.Ј му издаде упатен акт за издржување на едногодишната казна затвор и истиот е упатен да се јави во Затвор Скопје на 2 јули 2026 година“, информираа од Кривичниот суд.

Пред неколку дена од Кривичниот суд информираа дека со пресуда на Апелацискиот суд, поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, правосилно е осуден на една година затвор за изградбата на општинската зграда.

Во казната му се засметува и времето од пет месеци кое го помина во притвор, затоа останува во затворот во Шуто Оризари да помине уште седум месеци од казната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ