четврток, 11 јуни 2026

Кривична пријава за странски сопственик на фирма за злоупотреба на постапка за јавен повик

Управата за финансиска полиција соопшти дека до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поднела кривична пријава против лицето С.Г.О.Б., странски државјанин, во својство на сопственик и управител на фирма, како и против фирмата поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство.

Објавено на

часот

Сподели

„Пријавениот С.Г.О.Б. во својство на сопственик и управител на пријавеното правно лице, свесно и со намера ги повредил прописите поврзани со постапката за јавен повик за проектот „Рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во Општина Кичево“, за кој во 2023 година бил склучен договор со Министерството за финансии – секторот за централно финансирање и склучување на договори во рамките на Секторска оперативна програма за животна средина и климатски акции за ИПА II (2014-2020), на начин што, иако бил должен во текот на неговата реализација да обезбеди важечка банкарска гаранција, како и да достави барање за одобрување на подизведувачи до договорниот орган, пријавениот, при извршувањето на договорот финансиран од Европската Комисија и Буџетот на РСМ, го прикрил стечајот на азербејџанската банка Муганбанк – која била издавач на банкарската гаранција, со што не ја открил околноста дека повеќе не располага со валидна гаранција, а истовремено ангажирал подизведувачи без претходно да обезбеди одобрение од Министерството за финансии и надзорниот орган, со што постапил спротивно на договорните обврски и условите за реализација на проектот, поради што договорот бил раскинат“, се вели во соопштението.

Со ваквите дејствија, како што посочуваат од Финансиска полиција, пријавените предизвикале штета на буџетот на Македонија во вкупен износ од 127.425.036 денари, како и штета по основ на загубени ИПА средства во износ од 9.474.132 евра, кои државата ќе треба да ги обезбеди од сопствени средства.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ