четврток, 11 јуни 2026

Влен: ДУИ сама призна дека правосудниот испит го оставила само на македонски јазик

Влен обвини дека ДУИ ја признала вината за начинот на полагање на Правосудниот испит, откако шефицата на пратеничката група на партијата, Рина Ајдари, според нив, потврдила дека додека биле на власт не им дале приоритет ниту на албанскиот јазик ниту на правосудниот испит.

Објавено на

часот

Сподели

Од Влен тврдат дека само неколку месеци по донесувањето на Законот за употреба на јазиците, ДУИ го изгласала Законот за Правосудниот испит без да го усогласи со јазичните одредби. Според нив, тогашните пратеници на ДУИ гласале испитот да се полага исклучиво на македонски јазик.

„Денес граѓаните јасно го гледаат лицемерието на ДУИ, кога излегува на протести за Правосудниот испит. Тоа е потсмев кон Албанците и навреда за интелигенцијата на студентите, бидејќи ДУИ протестира против самата себе“, наведуваат од Влен.

Додаваат и дека со актуелните законски измени за првпат во историјата на државата се овозможува Правосудниот испит да се полага и на албански јазик.

Вреди оценува дека има обврска да ги коригира, како што велат, штетните политики и недовршените решенија оставени од дваесетгодишното владеење на ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ