Случајот e откриен од царинските службеници кои извршиле претрес на возилото во сопственост на рент-а-кар компанија, управувано од осомничениот. При контролата, на различни места во возилото биле пронајдени нови лаптопи од марката DELL.
Во предистражната постапка спроведена од страна на Одделението за истраги е утврдено дека осомничениот, откако во Солун од карго-компанија подигнал десет преносни DELL компјутери, со намера да ги криумчари, на паркинг простор во Грција ги скрил на различни места во возилото со кое патувал.

Против лицето, поднесена е кривична пријава до ОЈО Гевгелија поради сомневање за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик.






