четврток, 11 јуни 2026

„Празник на липите“ – конкурс на ДПМ за поезија и краток расказ

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) распиша конкурс за необјавени кратки книжевни форми во рамки на традиционалната манифестација „Празник на липите“.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од ДПМ, конкурсот е на слободна тема, а заинтересираните автори можат да учествуваат со една песна до 40 стихови или еден краток расказ до 1.000 зборови.

Пријавените творби треба да бидат необјавени и потпишани со име и презиме, а може да се достават електронски на адресата [email protected] или во печатена форма во просториите на Друштвото на писателите на Македонија на улица „Максим Горки“ број 18 во Скопје.

Крајниот рок за доставување на творбите е 31 јули 2026 година, а право на учество имаат сите активни членови на Друштвото.

„Пристигнатите творби ќе ги разгледа жири-комисија составена од тројца членови, кои ќе работат анонимно и независно, а наградените дела ќе бидат избрани врз основа на квалитетот на изразот, стилската изграденост, оригиналноста и уметничката вредност“, наведуваат од ДПМ.

Трите најуспешни творби ќе бидат наградени со финансиска награда и плакета, а ќе бидат прочитани на свеченоста на манифестацијата „Празник на липите“, што ќе се одржи на 28 август 2026 година во Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ