среда, 10 јуни 2026

Полициска акција низ целата држава, зад волан малолетници и пијани возачи, а се вози и без дозвола

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, 21 возеле без возачка дозвола, од кои тројца малолетници, а двајца под дејство на алкохол – соопшти Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

„Осум лица во Скопје (еден малолетник) возеле без возачка дозвола, четири во Гостивар (еден малолетник), двајца во Кичево и по еден во Тетово, Куманово, Кочани, Неготино (малолетник), Валандово, Битола и Прилеп. По едно лице во Битола и Штип управувале возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, посочуваат од МВР.

Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ